Стојне го живее „self-care“ трендот: Пејачката во кадар на луксуз и мир

Добивај вести на Viber

Познатата македонска фолк пејачка Стојне Николова објави фотографија која го следи „lifestyle и self-care“ трендовите на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм и Пинтерест.

Фотографијата на која Стојне е во кревет, облечена во бела бањарка, со пешкир на главата, очила за сонце и шоља за кафе, одговара на визуелниот тренд кој пренесува луксуз, нега, спокојство и минимализам, без притоа да изгледа напорно или претерано сценографирано.

„Време за релаксација“, напиша Стојне на фотографијата.

*Бела бањарка и пешкир на глава: Симболизира релаксација, спа атмосфера, нега и слободно време.

*Очила за сонце во затворен простор: Додава доза на ставот на "јас сум главната улога во мојот живот".

*Минималистички ентериер: Светли тонови, чиста постелнина и уметнички слики на ѕид – сето ова создава визуелна естетика која одговара на „чиста девојка“ или „удобен лусуз“ изглед.

*Кафе/чај во рака: Универзален симбол на утрински ритуали и „време за мене“ момент.

*Опуштена, но елегантна поза: Одраз на самодоверба и емоционална стабилност – без хаос, без преголем труд, но сепак гламурозно.

Фотографијата испраќа порака: „Јас се негувам, си го ценам времето и знам да уживам во моментот“.

Овој тренд не се сведува само на изгледот, туку и на животната филозофија што промовира внатрешен мир, самопочит и грижа за себе.

Познатиот српски актер Андрија Милошевиќ не одолеа на ваквиот тренд, па го искористи за денот на жената 8-ми март и на свој уникатен и хумористичен начин им го честиташе денот на сите жени.

View this post on Instagram

A post shared by andrijamilosevic_official (@andrijamilosevic_official)

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм