Супержена од врвот на Јабланица: Бетика по 15-ти пат на врвот Црн Камен

Добивај вести на Viber

Ресенчанката Бетика, позната под прекарот „Ледената кралица“, по 15-ти пат успешно го искачи врвот Црн Камен на планината Јабланица, висок 2.257 метри надморска височина.

Овој планинарски подвиг Бетика го прослави со симболична фотографија објавена на социјалните мрежи, на која позира како Супермен – во чест на уште една лична победа, но и како инспирација за љубителите на природата и планините.

Во описот на објавата, таа сподели и неколку стихови, посветени на оваа природна убавица.

Бетика не е само љубител на планинарењето, туку и гласен еко-активист. Таа активно учествува во иницијативите за заштита на природата, а беше присутна и на протестите за спас на Љубојно од прекумерна сеча, како и за зачувување на реката Дошница, од изградба на хидроцентрала.

Неодамна, на еден од протестите беше забележана и во друштво на светски познатата еко-активистка Грета Тунберг, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на борбата за зачувување на животната средина.

Бетика продолжува да биде инспирација за сите генерации – како жена со цврст став, љубов кон природата и постојана борба за нејзина заштита.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм