Сузана Гавазова издоминира на Валандово Фест: Со длабоко деколте и уникатна тоалета ја зема првата награда на реномираниот фестивал

Сузана Гавазова и нејзиниот колега Љубчо Ѓоргиев со дуетската песна „Љубов да расцути“ ја освоија Првата награда на годинашниот Фолк фест Валандово.
„Со огромна чест и благодарност ја примивме Првата награда на годинешниот Фолк фест Валандово. Овој престижен фестивал претставува вистински храм на македонската музика и фолклор, и за мене е голема привилегија да бидам дел од него. Сакам од срце да се заблагодарам на жирито за укажаната чест, на организаторите за беспрекорната организација, на публиката за искрената поддршка и љубов, и на сите мои соработници кои дадоа свој придонес оваа песна да го допре срцето на луѓето“, напиша Гавазова на Инстаграм.
Пејачката за фестивалската вечер се одлучила за долг фустан во шампањ боја, со тантела на која беа сошиени нежни „листови“. Главен печат на изгледот на Гавазова остави длабокото деколте.
Оваа година се одржа 38. Издание на Фолк фест Валандово на која беа изведени 22 новокомпонирани македонски песни.
Пред главната фестивалска вечер и претходеше концерт на плоштадот во Валандово на македонската поп пејачка Тамара Тодевска, концерт требаше да одржи и Каролина Гочева но поради временските услови концертот е одложен за денес.
Фестивалот имаше и ревијална вечер на која настапи пејачот Перо Христов.
Фото: ИнстаграмРЖМ