Тајчи во друштво на синовите ужива во Хрватска: Еве како изгледа познатата пејачка денес

Татјана Камерун, порано Матејаш, на сите ни е позната како Тајчи, се прослави благодарение на хитовите како „Ајде да лудуваме оваа ноќ“, „Мојот малечок е опасен“, „Ти немаш право на мене“.
Ја претставуваше Југославија и на Евровизија во 1990 година со најголемиот хит „Let's Go Crazy“, а со тогашниот младешки дух и шарм неодоливо потсетуаше на Мерилин Монро.
Сепак, по војната, Тајчи се повлече од музичката сцена и се пресели во Америка поради нејзино школување. Таму ја запознала љубовта на својот живот – пијанистот и композитор Метју Камерун, но нејзиниот сопруг, за жал, почина пред три години.
Таа сега живее во Америка со трите сина, а минатата година напиша автобиографија.Медиумите пренесуваат дека познатата пејачка деновиве одмара на хрватското приморје заедно со своите синови и со задоволство споделува слики на Инстаграм.
фото: Инстаграм Screenshot