Актуелно // Insta вести
Тешка загуба за пејачката Ивона Јо – на емоционален начин се прости од својот татко

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ доживеа голема семејна трагедија. Таа преку социјалните мрежи сподели потресна објава со која се прости од својот татко.
„Тато не се договоривме вака… еј… Тато дојди… Тато. “ – напиша Ивона, додавајќи црно-бела фотографија со него, која ја пренесе целата болка и љубов кон најблискиот човек.
Во известувањето таа посочи дека погребот ќе се одржи утре во 13 часот во селото Љубодраг, и ги информираше сите роднини и пријатели.
Фановите и колегите ѝ испраќаат пораки на сочувство и поддршка во овие најтешки моменти, потсетувајќи дека љубовта кон родителите останува вечна и незаборавна.
Сочувство до Ивона и нејзиното семејство од Редакцијата на Женски магазин.