„Толку многу љубов и мир на едно место“: Кајмакоски семејно во Крушево, го почувствува спокојот во манастирот на Тоше

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски деновиве
престојуваше во Крушево со своето семејство, градот каде се уште се одржуваат
културни настани во чест на прославувањето на 10 дена Крушевска Република.
Познатиот музичар не ја криеше својата воодушевеност од градот, а преку објава на социјалните мрежи испрати силна порака полна емоции и љубов:
„Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени... Толку многу љубов и мир на едно место“, напиша Кајмакоски.
Заедно со сопругата Марина, синот Стефан и ќерката Емилија, Кајмакоски прошета по калдрмите на овој историски град, а не изостана ниту посетата на манастирот Св. Преображение, кој јавноста често го нарекува „манастирот на Тоше“, поради силната врска што покојниот Тоше Проески ја имаше со ова свето место.
На објавените фотографии се гледа семејна топлина и блискост, а посетата на Крушево, каде се спојуваат историјата, верата и музиката, за Кајмакоски очигледно има посебно значење.
Оваа семејна авантура доаѓа во време кога низ државата се слави споменот на Илинден и борбата за слобода, па токму Крушево, како симбол на македонската историја и дух, беше вистинското место за ваков одмор.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г