Тони Цетински и Горан Каран го посетија гробот на Тоше

Добивај вести на Viber

Хрватските музички ѕвезди Тони Цетински и Горан Каран кои вечерва настапија на Балкан гала фестивал кој се одржа во Битола, утринава беа во Крушево да го посетат гробното место на Тоше Проески. 

 Тони Цетински, кој со македонската музичка легенда го сними дуетот „Лагала нас мала“ не ја испушти можноста да дојде во Крушево, секогаш кога е во Македонија. 

- Среќен сум секогаш кога ќе дојдам во Крушево, а тажен кога заминувам. Се надевам дека ќе дојдам и на 5 октомври кога општината планира да направи концерт. Се пристетувам на многу спомени со Тоше, кои се длабоко врежани во мене. Утеха што го нема е што го познавав. Секогаш беше насмеан. Знам дека посакува сите да бидеме насмеани. Знам дека е на подобро место и дека еден ден ќе се сретнеме таму – ни изјави Цетински. 

 Горан Каран го познавал Тоше, но жали што не запеале во дует. 

- Беше прекрасна личност, извонреден музичар и бескрајно талентиран. Имаше неверојатна харизма, како да излегуваше некоја светлина од него. Едноставно светеше. Беше пристојна личност. За жал не стигнавме да бидеме пријатели и да запееме заедно, но тоа ќе се случи на онаа, другата страна – вели Каран. 


 С.А.Н