Трик од искусни цвеќарки: Раствор кој ги спасува растенијата кои почнале да венат

Добивај вести на Viber

Нема да потрошите ниту денар за да го подготвите овој раствор


Сè што ви треба за да ги вратите растенијата во живот е лушпа од банана и вода.

Една жена од Австралија на социјалните мрежи сподели необичен трик. Во тегла со вода ставете неколку лушпи од банана и оставете го да отстои 24 часа.

Откако ќе одстои, навадете ги растенијата што почнале да венат со овој раствор.

Бананите имаат калиум, фосфор и калциум, поради што тие имаат позитивен ефект врз растенијата. Овие хранливи материи се исклучително корисни за растенијата во процесот на обновување. Фосфорот во бананите, исто така, помага во добар раст на корените и нови пупки.

Цвеќарката од Австралија исто така ги советува домакинките барем еднаш неделно со влажна крпа да ги бришат лисјата на растенијата за да се отстрани прашината и да се овозможи билката да дише.


Извор: Stil.kurir.rs

(ФОТО) Волшебни: Шарени сукуленти ќе донесат магија во вашата цветна градина