Уште еднаш покажа зошто е дива: Ова го добива и заслужува само Калиопи

Музичката дива Калиопи Букле вчеравечер беше дел од манифестацијата на српското „Накси радио“ на која се бираат најуспешните во светот на музиката.
Пејачката на нејзиниот официјален инстаграм профил објави видео како дел од подготовките додека е на фризер и како ужива па дури и си потпевнува.
„Оти, ЦРНО И БЕЛО Е СЀ! Последни подготовки за Белград. „Накси радио“ чекај ме“, напиша Калиопи на видеото.
Оваа година Калиопи беше номинирана во категоријата пејачка на годината, а со неа во истата категорија беа Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Нина Бадриќ и Тијана Богиќевиќ.
Во описот за
Калиопи пишува:
„Калиопи Букле се смета за една од најмоќните вокалистки во регионот, а на
музичката сцена е присутна од 1986 година, кога го издаде својот деби албум
„Калиопи“. Албумот „Родѓени“ ѝ донесе огромен успех, а песната „Бато“ од истото
издание доби статус на евергрин кој сè уште ужива голема популарност во овој
регион. По распадот на групата „Калиопи“, следуваше десетгодишна пауза, а во
1996 година се врати на сцената со триумфален настап на Сплитскиот фестивал,
каде што ја освои Гран при наградата. Минатата година, на 4 февруари,
македонската поп - дива одржа незаборавен концерт во „Дворана“, на
воодушевување на нејзината верна публика во Србија“, стои во описот за Калиопи.
И покрај тоа што Калиопи не ја зема оваа награда, таа ја додели наградата за „Накси Ѕвезда“. При излегувањето на сцена Калиопи беше пречекана со громогласен аплауз и овации. На сцената за време на нејзиниот говор таа се пошегува дека Македонија е единствената бидејќи од сите земји од поранешните ју простори само македонскиот јазик го има специфичното „ѕ“ во азбуката.
„Прекрасно дружење на вечервашното доделување на наградите „Накси Ѕвезда“ во Белград, вечерта на нашите драги пријатели „Накси радио“. Имав чест да ја доделам наградата „Накси Ѕвезда“ на пејачот на годината Борис Режак. Им честитам на сите мои драги колеги, добитници на наградата „Накси Ѕвезда“, како и на моите пријатели Неверне Бебе“, напиша Калиопи.
РЖМ