Ѕвездата на „Вардар“ го освојува Скопје со жолт мопед: Погледнете ја фотографијата што ги воодушеви сите!

Поранешната руска ракометарка Ина Суслина, која шест сезони го носеше дресот на РК Вардар, повторно е во фокусот на јавноста – овојпат не поради спортските успеси, туку поради нејзиниот впечатлив жолт мопед, со кој секојдневно се движи низ улиците на Скопје.
Последната фотографија објавена на нејзиниот профил на Инстаграм привлече големо внимание. На неа, Суслина е фотографирана како чека на семафор со ќерката Миа, двете удобно сместени во мопедот и носат уникатни кациги. Според објавите, поранешната спортистка често ги вози и двете свои деца – Миа и Тео – со ова алтернативното превозно средство.
Суслина, која во кариерата освои сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, по завршувањето на ангажманот во Вардар реши да остане да живее во Скопје, каде и го формираше своето семејство.
За Вардар играше во периодот кога клубот бележеше големи успеси – пет пати настапуваше на завршниот турнир (Ф4) во Лигата на шампионите, а трипати го освои второто место. По 26 години активна кариера, Суслина се пензионираше.
Покрај спортската кариера, таа е дипломиран педагог, со диплома од РГПУ универзитетот во Ростов на Дон.
Фото: ИнстаграмРЖМ