Висар Вишка и Мерима ја крунисаа љубовта со граѓански брак - ФОТО -

Македонскиот актер и режисер Висар Вишка го направи еден од најважните чекори во животот – се регистрираше за граѓански брак со својата избраничка Мерима. Свадбените фотографии кои двајцата ги споделија ја пренесуваат радоста и емотивниот момент на нивниот посебен ден.
Мерима, облечена во елегантен бел костум со софистициран букет од црвени и розови рози, блескаше со широката насмевка и топлината што ја зрачеше. „Денес беше НАЈПОСЕБНИОТ ден во мојот живот“, напиша таа со емотивна порака на социјалните мрежи.
Вишка, познат по своите бројни улоги на театарската и филмската сцена, изгледаше стилски и достоинствен покрај својата сопруга. Фотографиите го прикажуваат парот како потпишува во матичната книга и го слави својот нов почеток во кругот на најблиските.
Овој чекор ја заокружува нивната љубовна приказна со ново поглавје, исполнето со надеж, радост и заеднички соништа.
РЖМ/ИС
ФОТО: Инстаграм