Животна училница // Приказни
ВО ГЕРМАНИЈА НАВАЛА ЗА КАМИНИ И ПЕЧКИ НА ДРВА: Германците во паника купуваат пред почетокот на зимата
- 08 Јули, 2022 16:50

Според Централното здружение за санитација, греење и климатизација (ЗВШК), во Германија масовно се нарачува и се поставуваат камини и печки на дрва.
Германците стравуваат од можен недостиг на гас, а струјата поскапува, па бараат алтернативни извори за греење, пренесува Пословни дневник.
- Побарувачката вртоглаво порасна поради вртоглавото зголемување на цените на електричната енергија, испораките се одложуваат низ Европа поради прекини во синџирите на снабдување, а поради недостигот на суровини, прашање е колку Германија може дури и да ги снабдува клиентите - пишува „Б92“.