Ќе патуваме ли во Грција со негативен ПЦР тест од 17 август?

Добивај вести на Viber

Ќе можеме ли да патуваме од 17 август во Грција со негативен ПЦР тест?

На брифинг што го одржала грчката Влада, односно портпаролот на Владата Аристотелија Пелони, а кој се однесувал на сопстојбата со Ковид-19 биле соопштени повеќе детали во врска со рестриктивните мерки. 

„Што се однесува до копнените граници, од 17 август, е задолжително да се прикаже негативен тест за молекуларна контрола (тест PCR) за сите лица кои влегуваат од копнените граници. Тестот не смее да биде постар од 72 часа пред да влезе во Грција. Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција“, се вели во одговорот што го добивме од Грчката канцеларија за врски.

Оттаму појаснуваат дека ова не значи дека сите копнени граници ќе бидат отворени на 17 август.

Она што засега сигурно го знаеме, е дека до 15 август Евзони и дргите гранични премини со Северна Македонија остануваат затворени. А доколку се донесе одлука да биде отворен, ќе бидат задолжителни ПЦР тестови за сите што ќе влегуваат во Грција.

Инаку од Грчката канцеларија за врски велат дека после видео конференцијата што ја одржал денес премиерот Киријакос Мицотакис со надлежните министри, владини функционери, шефот на Комитетот за заразни болести, професорот Сотирис Циодрас и понатаму на предлогот даден од Комитетот, донесени се следниве решенија, кои може да ги прочитате на Фактор.мк