Во петтата деценија изгледа подобро од кога било: Маја Панчева знае како да ја одржува формата

Секогаш средена, негувана и елегантна – Маја Гроздановска Панчева важи за жена за која со право велат „истата е, не старее“. Пејачката и уметничка која својата кариера ја гради и во Македонската опера и балет, знае дека убавината не е само во надворешниот изглед, туку и во внатрешната енергија и здравјето.
Токму затоа, Маја редовно вежба и посочува дека физичката активност е една од најважните работи кои ѝ помагаат да изгледа и да се чувствува убаво, особено во петтата деценија од животот. „Секоја жена има потреба од дополнителна грижа за себе, а вежбањето е клучот за енергија, здравје и младешки дух“, вели таа.
Нејзиниот пример денес е совршено потсетување – на Националниот ден на женското здравје и фитнес – дека секоја жена заслужува да одвои време за своето тело и дух. Без разлика дали станува збор за јога, фитнес, прошетка или едноставно свесен момент за себе, секој чекор кон здравјето е победа.
Маја ни покажува дека вистинската убавина е комбинација на дисциплина, љубов кон себе и позитивна енергија – нешто што секоја жена може да си подари.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм стори
Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група