Времеплов со Сузана Спасовка и ќерката Теона: Љубов на насловна страница од 1997

Фотографија што буди емоции, спомени и носталгија – токму така може да се опише ретро изданието на култното македонско списание „Екран“ од далечната 1997 година, на кое блеска една од најпрепознатливите македонски фолк пејачки, Сузана Спасовска, заедно со тогаш малечката Теона, нејзината ќерка.
Фотографијата, исполнета со топлина и мајчинска љубов, денес има уште поголемо значење – не само како културен документ на едно музичко време, туку и како сведоштво за еден живот исполнет со љубов, семејство и убава традиција.
Годините поминаа, но спомените останаа. Во 2019 година, Сузана со голема гордост и радост ја омажи Теона со нејзиниот животен сопатник, Виктор Велковски, во интимна, но стилска свадбена прослава. Запросувањето, како што подоцна открија блиските, се случило сосема спонтано и романтично – токму на роденденот на Теона.
Денес, Сузана Спасовска, позната како македонскиот славеј, има нова улога што ја исполнува со радост – таа е горда баба на малата Клара, која се роди во 2020 година. Времето минува, но вредностите остануваат – љубовта кон семејството, музиката и традицијата.
Оваа фотографија од „Екран“ не е само убава ретро слика, туку симбол на континуитетот на љубовта.
Фото: ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г
За ќерка ми јас бев и мајка и татко, сега сум среќна баба на Клара: Искрено со Сузана Спасовска