XXS, S или М? Врчак објаснува зошто модните големини се изместени и ја спомена Антониа Гиговска

Пејачот Врчак со својот последен статус на социјалните мрежи предизвика голема дебата за тоа која е „идеалната“ тежина за совршени стомачни и како индустријата за облека ги изместила европските стандарди за големини.
„Моментална тежина 69 килограми, цел 66 килограми… На 177 см висина тоа ми е совршена оптимална килажа. На 66 кг сите стомачни ми се како нацртани,“ напиша Врчак, потенцирајќи дека целиот живот се движи меѓу овие килограми.
Тој додаде дека европските индустриски стандарди за облека се „изместени“, бидејќи облека со ознака „М“ најчесто е преширока и за момчиња и за девојки. „Јас носам S, во М пливам, а за тренинг сите Nike тренерки ми се XS за да не ми паѓаат кога трчам,“ објаснува пејачот.
Во својата објава Врчак ја спомена и младата пејачка Антониа Гиговска, која неодамна открила дека носи XXS и изгледа сосема нормално. „Да е женска пополничка од неа, не би била општо привлечна за сите луѓе како мене, кои сакаат витки, слабички женски. А и сите мои другарки топ модели и манекенки што се во супер форма велат дека најчесто носат XXS и често купуваат облека од детски дуќани, бидејќи сè друго им е прешироко,“ додава Врчак.
Со ова, пејачот сака да укаже дека потребно е производителите на облека да реагираат и да ги вратат големините во „здрава нормала“. Дополнително, поврза и една поширока тема – вниманието на тежината и исхраната за превенција од кардиоваскуларни заболувања, кои, како што вели, се број еден причинител за предвремена смрт во светот.
„Мора да се внимава на сè – па дури и на тоа облеката да не е над медиум,“ заврши Врчак со насмевка, додавајќи: „Ве сакам сите.“
Фото: Фејсбук
РЖМ