„Знаеш дека си на море, кога пред себе гледаш леб, паштета и домат“: Објава на балканска инфлуенсерка која ги насмеја сите!

Познатата балканска инфлуенсерка со инвалидитет, Арбнора Елези, повторно успеа да ги насмее своите следбеници на социјалните мрежи.
За време на својот летен одмор таа објави фотографии од престојот на море, на кои прикажа дел од својот едноставен ручек на плажа – паштета, домат и леб.
Она што предизвика најмногу реакции беше духовитата забелешка што Арбнора ја додаде под фотографиите:
„Знаеш дека си на море, кога пред себе имаш паштета, домат и леб“.
Следбениците ја поздравија нејзината искреност и смисла за хумор, истакнувајќи дека токму во едноставните моменти се крие вистинската радост од одморот.
Арбнора Елези, која потекнува од Босна и Херцеговина, денес живее со своето семејство во Германија. Таа е една од највлијателните личности на социјалните мрежи во регионот, позната по тоа што отворено зборува за својата здравствена состојба и предизвиците со кои се соочува.
Со своето позитивно однесување и активност, Арбнора успева да руши предрасуди за лицата со инвалидитет и да покаже дека секој може да води исполнет и динамичен живот.
М.С.К