Хуманитарна акција која подразбира на дрвјата да се закачат зимски јакни за социјално загрозените граѓани ќе се одржи наредниот месец во Скопје.
Оваа акција веќе е одржана во земји од регионот, а во Македонија ќе се одржи од 4 до 6-ти декември во период од 13 до 18 часот.
„Идејата е собереме јакни кои не ни требаат, но на некој друг можат да му значат и да ги оставиме во центарот на градот и во околината за да на секој кој му треба топлина би можел да се згрее во овие студени ноќи и денови“, пишува во повикот за акцијата на Фејсбук.
Во зависност од бројот на соберени јакни, дел ќе им биде поделен на бездомниците, а остатокот ќе биде предаден на места каде веќе се собираат донации за загрозените граѓани.
„Закачете ја својата јакна на било кое дрво-сигурно ќе ја најде некој на кој му треба топлина“, велат организаторите.