Александра Заева во Париз: Вечера со поглед кон Ајфелова и концерт кој ќе ги памти цел живот

Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра, се пофали со фотографиите од своето неодамнешно патување во Париз. Во изминатите денови, светската метропола беше популарна дестинација, а причина за тоа беа концертите на светската дива Бијонсе, кои се дел од нејзината турнеја.
Александра не само што уживала во магијата на концертот на Бијонсе, туку посетила и некои од најпознатите знаменитости на градот. Младата Заева се одмарала и во некој од француските ресторани, додека уживала во вечера со поглед кон Ајфеловата кула, главното обележје на Париз.
Концертот на Бијонсе, кој бил вистински спектакл, ја оставил Александра без зборови. Инспирирана од каубојскиот стил на Бијонсе кој е популарен во последната година, Александра се појави на концертот со каубојски бел шешир, фармерки и топ.
Шоуто на Бијонсе, е доживување кое се памти цел живот. Импресиите и воодушевувањето кои ги доживеала на овој спектакуларен концерт, Александра ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, создавајќи уште една популарна објава од нејзиното патување.
Фото: ИнстаграмРЖМ