Бард меѓу бардовите: Милица Стојанова – симбол на достоинството и уметноста

Добивај вести на Viber

Милица Стојанова е една од најголемите македонски актерки, родена на 6 јуни 1932 година во Крива Паланка.

Нејзината актерска кариера се протега преку шест децении, со над 200 театарски, филмски и телевизиски улоги. Позната е по својата посветеност, длабочина и емоционална искреност во интерпретацијата на ликот.

Денес оваа македонска актерска легенда полни 93 години.

По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година.

Од таа ’64 година, па сè до пензионирањето Стојанова била дел од ансамблот во Драмскиот театар во Скопје.Милица работела заедно со актерките Нада Гешоска, Мери Бошкова и Љупка Џундева, таа се смета за една од најангажираните актерки, кој оставиле белег во македонскиот театар и филм.

Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

Едни од поистакнатите улоги Милица и одиграла во „Исправи се Делфина“, „Булки крај шините“, „Црвениот коњ“, „Едно лето“, „Диво месо“, „Среќна нова ‘49“, „Трето доба“, Трст виа Скопје“, „До,ре, ми“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Вујо Вања“, „Збогум на 20-тиот век“, „Погрешно време“, „Прашина“ и други.