Букет на неделата: Кошница полна љубов

Добивај вести на Viber

Каква прекрасна цветна игра. Кошница која изобилува со цвеќе и која ќе предизвика воодушевување кај секого. Белата роза која ја има насекаде во оваа кошница полна цвеќе, со својот невин и недопрен изглед, ја симболизира чистината, чесноста и тајноста истовремено. 

Белта роза исто така се поврзува и со гордоста и почитта кон некого. Подарената бела роза значи длабока љубов и длабока почит. Можете да пратите и порака за нов почеток, за простување. Од друга страна пак кралскиот крин кој е олицетворение на достоинство и страст со својот опен мирис, сепак успева да ја сочува невиноста и нежноста, како негови главни симболи. 

Покрај својата толку впечатлива убавина, која просто магепсува, кралскиот крин ќе прати и порака за надеж, верба и љубов.

Подарете оваа недела корпа полна цвеќе и полна љубов. Порачајте онлине на нашата фб страница, или посетете не во Цветна галерија Сончевина.