Честитајте го Божиќ со овие пораки: Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува

Добивај вести на Viber

Во прилог издвојуваме неколку убави пораки со кои може да го обележите Божиќ и да им го честитате празникот на блиските:

* На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што чекори тивко и тогаш речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!

* Кога последната свеќа на Бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води. Среќен Божик - ХРИСТОС СЕ РОДИ! 

* Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати. Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.

* Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божик вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди. 

* Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост, во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди. 

* Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ - Христос се роди. 

* Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари сѐ што немате и сочува сѐ што имате.. Христос се роди!