Никогаш поубава: Татјана Лазаревска во асиметричен розов фустан ја отпеа „Битола мој роден крај“ пред македонската дијаспора

Добивај вести на Viber

Познатата македонска пејачка Татјана Лазаревска, која веќе неколку години живее со семејството во Австралија, остана верна на своите корени и македонската народна песна. 

Иако далеку од татковината, таа постојано настапува на бројни настани и прослави организирани од македонската дијаспора, пренесувајќи ја традицијата преку музика и емоција.

„Битола мој роден крај“ како и други македонски народни песни се дел од редовниот репертоар на Лазаревска пред македонската дијаспора. 

Неодамна сподели со својата публика фотографија на која позира во елегантен, асиметричен фустан во розова боја – модерен, женствен и софистициран избор. А коментарите под објавата само се нижеа. 

Фејсбук

Комплименти и пофалби за нејзиниот изглед. Мнозинството следбеници на социјалните мрежи се согласни дека таа никогаш не изгледала подобро од сега. 

Очигледно е дека Австралија ѝ годи, но и дружењето со македонската публика пред која ги изведува македонските традиционални песни со многу љубов. 

М.С.К