Вистинска поддршка: Јосифовски со новата девојка го бодреше Станишиќ во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Александар Јосифовски беше дел од годинешното финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, кое се одржа во вистинска спектакуларна атмосфера. 

Јосифовски пристигна на настанот во друштво на својата нова партнерка Ана, со која веќе извесно време ужива во стабилна и среќна љубовна врска.

Фејсбук

Тој уште еднаш покажа дека е вистинска поддршка на македонските музички таленти, давајќи силна поддршка за својот колега и пријател Никола Станишиќ – победникот на оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Фејсбук

Јосифовски ја искористи вечерта и за да се фотографира со фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Двајцата позираа насмеано во пријателска прегратка, а фотографијата веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.