Актуелно // Insta вести
Откако Мицкоски најави данок за немажените: Се омажи една од најубавите девојки на УМС
- 05 Јули, 2025 18:25

Ангела Стојковска, важи за една од најубавите девојки во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, викендов ја круниса својата љубов стапувајќи во црковен брак со својот избраник.
Нејзиниот изглед предизвика бројни пофалби, но вниманието го привлече и тајмингот на венчавката.
На социјалните мрежи не изостанаа досетки дека Ангела „го послушала" својот партиски лидер Мицкоски, кој неодамна најави данок за немажени и неженети.
Иако во хумористичен контекст, коментарите се сфаќаат како симпатичен показател за лојалност и добра смисла за хумор.