Дани Димитровска го слави животот на свој начин: „Инбоксот ми е прегорен, ама затоа па срцево ми е размазено“

Добивај вести на Viber

Вистинската убавина, велат, доаѓа одвнатре. Но кога ќе сретнете жена која и во своите четириесетти, педесетти или шеесетти изгледа младолико и зрачи со свежина, лесно се забележува нешто повеќе – хармонија помеѓу зрелоста и живоста, свесна грижа за себе и природна светлина која не може да се одглуми.

Таква енергија несомнено носи и македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска, која вчера имаше повод за славење. Пејачката го прослави својот 46-ти роденден.

„4+6=10, нулата се брише, значи кец. Кецот е секогаш почеток. Или од почеток... како и да е, само нека трае. Што и да е, нека е. Добро е“, напиша Димитровска во описот на фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Во објавата им се заблагодари на своите пријатели и следбеници за бројните честитки, велејќи: „Инбоксот ми е прегорен, ама затоа па срцево ми е размазено.“

Дани Димитровска никогаш не ги криела своите години. За неа, тие се само бројка, а младоликата енергија што ја носи е доказ дека виталноста и духот не познаваат стареење.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г