Дом е каде што е семејството: Даниел Кајмакоски ужива со најблиските на планина

Македонскиот
пејач Даниел Кајмакоски деновиве ужива во семеен одмор заедно со сопругата
Марина, синот Стефан и ќерката Емилија. Семејството престојува во живописна
планинска куќарка во близина на Мокра Гора, на српската планина Златибор –
место кое, според фотографиите, изгледа како од филм.
Семејните мигови се безвременски спомени, особено кога децата се мали и сѐ околу нив е ново и возбудливо. Кајмакоски не ја крие радоста што со најблиските минува квалитетно време во природа, далеку од градската врева.
Со својата втора сопруга Марина, пејачот го има синот Стефан, а во ноември минатата година семејството се прошири со доаѓањето на ќерката Емилија. Откако се пресели во Србија, Кајмакоски ретко се појавува во јавноста во Македонија, но останува близок со својата публика преку социјалните мрежи, каде редовно споделува моменти од приватниот живот.
РЖМ - Г.Д.Г