Елеганција во двојка: Тања Лазаревска и Новица во две совршени свадбени комбинации - ФОТО

Добивај вести на Viber

Кога пејачката Тања Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица ќе се појават на свечен настан – модата добива ново значење. На неодамнешна свадбена прослава, ова стилско дуо го привлече целото внимание, не само со својата позитивна енергија и насмевки, туку и со беспрекорната усогласеност во облекувањето.

Во првата комбинација, Тања блескаше во небесно сина, елегантна креација со уникатен крој кој нежно ги истакнува линиите, а сепак останува софистициран. Структурата на фустанот, долгиот ракав и впечатливото деколте создадоа идеален баланс меѓу смелост и префинетост. Модните детали – големи очила и долги обетки во ист тон – дополнително ја заокружија визијата на современа дама со стил.


Новица, пак, со својот изглед уште еднаш покажа дека е вистински пример за елегантен маж. Светлосината карирано сако, белата кошула и темносините панталони создадоа свежа, но отмена комбинација. Бордо лаковите чевли беа вистински моден акцент кој одлично се усогласи со целокупниот изглед и даде впечаток на внимателно избран стил до последен детаљ.

Втората комбинација ја носеше топлината и драмата на винската црвена боја. Тања изгледаше блескаво во коктел-фустан со корсет горен дел и плисирана здолнишна линија. Ѓерданот со крупни детали во истата боја ја нагласи вратната линија, а со лежерната фризура и природниот шминкерски изглед, сето тоа изгледаше беспрекорно усогласено.


Новица и тука не заостана – со темно бордо сако со суптилен дезен, повторно бела кошула и истиот пар стилски чевли, покажува дека доследноста и вкусот никогаш не излегуваат од мода.

Овој прекрасен брачен пар уште еднаш потврди дека љубовта, хармонијата и модниот сензибилитет се совршен спој. И кога тие чекорат заедно – модната сцена само може да им аплаудира.


РЖМ/ИС.

ФОТО: Фејсбук