Емотивна објава на Таско посветена на синот Лукијан: „Како растеш, раснам и јас со тебе“

Добивај вести на Viber

Македонскиот музичар Таско го одбележа вториот роденден на својот син Лукија со посебна и топла честитка на Инстаграм. 

Во видеото што го сподели, Таско ги прикажа најубавите моменти од растењето на неговото момче, од првите чекори до денес.

Во роденденската порака, тој напиша:

„Како растеш, раснам и јас со тебе.

Како учиш, учам и јас со тебе.

Како движиш, движам и јас со тебе.

И да те немаше тебе, ќе ме немаше и мене.

Среќен роденден, сине.“

View this post on Instagram

A post shared by Tasko (@tasko.ur)


Со овие зборови Таско ја искажа силната поврзаност и љубов кон својот син, нагласувајќи како Лукија му е инспирација и животна сила.

Фановите и следбениците на музичарот ја поздравија неговата емотивна порака, а многумина ги споделија своите честитки и желби за среќен роденден на малото момче.