Има повозрасен маж, деца и титула за мисица: Сега го покажа своето тело во бикини и предизвика бура од рекации

Добивај вести на Viber

Евгенија Марковска, сопругата на познатиот лекар д-р Вело Марковски, повторно ја воодушеви јавноста со својата појава. 

Поранешната мисица и горда мајка објави фотографија во бикини, со која покажа дека и по бременостите може да се зачува витата линија и природната убавина.

На фотографијата, Евгенија зрачи со самодоверба, а нејзиното беспрекорно тело е доказ дека посветеноста, дисциплината и љубовта кон себе даваат резултати. 

Без ниту грамче вишок, таа е инспирација за многу жени кои се борат со предизвиците што ги носи мајчинството, но не сакаат да се откажат од грижата за себе.

Марковска, која одамна ја има освоено публиката со својата елеганција и шарм, и овојпат потврди дека титулата мисица не е само за една вечер. 

Нејзината појава е доказ дека убавината и мајчинството не се исклучуваат – напротив, можат совршено да одат рака под рака.