Ивона ЈО го сервира рецептот за нов живот: Едно нешто сите го забораваме, а е клучно

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, позната и како Ивона ЈО, повторно го привлече вниманието на јавноста со нејзиното најново појавување од една од грчките плажи, каде што ужива во летен одмор, но и внимателно избрани гастрономски моменти.

Извор: Instagram 

На фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи, може да се забележи не само нејзиниот видливо променет и затегнат изглед, туку и нејзиниот строг избор на храна. На менито доминираат морски плодови – подготвени во различни сосови, сервирани естетски и внимателно, додека чашата бело вино дава дополнителна доза на медитерански гламур. Ивона јасно покажува дека за неа гастрономијата и здравиот начин на живот одат рака под рака.

Пејачката последниве години помина низ значителна физичка трансформација. Храбро и отворено зборуваше за операцијата на желудник, како и за отстранувањето на вишокот кожа – теми кои честопати се табу во јавноста. Денес, таа гордо го покажува своето ново тело и служи како инспирација за многу жени кои се борат со слични предизвици.

Преку секоја објава, Ивона испраќа јасна порака – здравата исхрана и посветеноста на себе носат резултати. Со дисциплина, работа и љубов кон сопственото тело, трансформацијата не е само можно, туку и заслужено достигнување.