Каролина откри што ѝ се исполни во Прага: Вака изгледа кога соништата стануваат реалност!

Македонската поп дива Каролина Гочева неодамна уживаше на семејно патување во чешката престолнина Прага, во друштво на својата сестра Сандра и внуките Луција и Инес. Покрај прошетките низ историските улици и уживањето во шармот на овој европски град, патувањето имаше и една посебна цел – присуство на концертот на светската ѕвезда Били Ајлиш.
„Конечно ни се исполни желбата да ја гледаме Били Ајлиш, а и Прага ни беше преубава и сончева“, напиша Гочева во описот на фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи.
Концертот на младата пејачка бил вистинско доживување за женското друштво. Интересен детаљ што го забележаа нејзините обожаватели беше тоа што Каролина и нејзините внуки биле облечени исто – во темно сини маички и фармерки, додавајќи уште еден симпатичен белег на заедничкото искуство.
Каролина, позната по својата силна врска со семејството, често споделува моменти од приватниот живот, а овојпат покажа дека времето поминато со најблиските и музиката се комбинација која ѝ носи најголема радост.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г