Ќерка ми е половина Либанка, цело семејство на татко ѝ е во Бејрут: Растревожена Македонка за ужасот во Либан

Добивај вести на Viber

Вчера светот го потресе страотната експлозија што се случи во главниот град на Либан, Бејрут и го срамни со земјата.

Денеска е прогласена тридневна национална жалост во Либан, а сведоци сме на бројните тажни и морничави фотографии и видеа кои ги гледаме по социјалните медиуми, ден по експлозијата во Бејрут, Либан.

Македонка сподели емотивен статус со кој накратко ја опиша ситуацијата во Бејрут моментално.

Ви го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус во целост:


„Ќерка ми е половина Либанка, цело семејство на татко и е во Бејрут. Неколку од нејзините братучеди се повредени и морале во болница на шиење (вон животна опасност), нивните домови се без прозорци, без врати, се е распрскано, невселиви се веќе. И тоа е поминување лесно, замислете низ што поминуваат кутрите луѓе во Бејрут. Сеуште незнаен број се закопани под урнатините. Ова не може да е случајна експлозија, тероризам пар екселанс. Кутар Либански народ, низ што се поминале“.