Лина Ѓорческа со нов трофеј во Романија: Најдобрата македонска тенисерка ја освои 15-та титула!

Добивај вести на Viber

**Лина Ѓорческа со нова титула во Романија – 15-та поединечна победа во кариерата**

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа извојува нов голем успех, освојувајќи го првото место на ИТФ турнирот што се одржа во романскиот град Слобозија. Ѓорческа триумфираше во финалето против домашната тенисерка Елена Бертеа со резултат 2-1 во сетови, по борба која траеше два часа и 15 минути.

Со оваа победа, македонската тенисерка го освои пехарот и паричната награда од 40.000 долари, како и 50 ВТА поени, со што ќе напредува на светската ранг-листа.

Ова е 15-та титула во поединечна конкуренција за Ѓорческа, која досега има настапено на вкупно 39 финалиња. Покрај тоа, таа има импресивни 47 титули во конкуренција на двојки, со што го зацврстува својот статус како најуспешна македонска тенисерка.

Следната недела, Ѓорческа ќе настапи на уште еден турнир во главниот град на Романија, Букурешт, каде ќе се обиде да ја продолжи серијата на добри резултати.

Во неодамнешно интервју за Женски магазин, таа истакна дека фокусот е клучен за успех во тенисот:

„Тенисот е индивидуален спорт каде што мораш да бидеш 100% фокусиран за време на целиот меч. Што и да се случи, мораш веднаш да го оставиш зад себе и да се насочиш кон следниот поен. Релаксација доаѓа дури по завршувањето на мечот,“ изјави Ѓорческа.

Со новиот трофеј, Лина Ѓорческа уште еднаш покажа дека е во одлична форма и подготвена за нови предизвици на меѓународната сцена.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г