Мешето полно, Лила гладна: Тој јаде после полноќ, таа има завидна фигура

Добивај вести на Viber

И да ја немаше, ќе ја измислевме. Елоквентна, забавна, храбра. Остана на врвот на славата и покрај се и секогаш е во фокусот на вниманието. И за тоа треба да се има сенс. 

Покрај тоа што Лила Филиповска секодневно ни сервира топ модни комбинации, топ дестинации и гламур, одвојува време и да ни прикаже како е да се живее со мачки. Нејзините приказни на Инстаграм се хит дури и кога го става мачето како главен лик.

Овојпат, го храни, ама после полноќ. Мачките можат да јадат и по 18 пати на ден, па секогаш се гладни. Лила не го остава мачето гладно ни во доцните вечерни часови. Веројатно таа не јаде тогаш и веројатно и тоа е заслуга за нејзината завидна фигура кога ја ситни шестата деценија.

Фото: Инста стори