Ми се случи сѐ што никогаш не сакав - зборував дека не сакам оженети мажи, а бев причина за развод: Сузана Манчиќ искрено

Сузана Манчиќ е исполнета и среќна жена, а со саканиот маж е долги години, па сега за прв пат раскажа некои детали од својот живот.
Сузана Манчиќ е присутна на јавната сцена со децении, а многумина ја паметат како првата и најубава „Лото девојка“, кога беше една од најпопуларните ѕвезди на поранешна Југославија. Има две ќерки, со години е со саканиот маж, а живее на релација Белград - Атина. Никогаш не дозволила да ја нарекуваат старлета или да ја ставаат во ист кош со неморални жени затоа што сакала и била сакана.
„Многу молчев за мојот живот, затоа што некои работи треба да останат за мене. На многу работи имам заборавено, па и да сакам, не би можела да ви ги кажам“, со препознатлива насмевка изјави Сузана Манчиќ.
„Животот ми нудеше разни работи, некои ги прифатив, ама и ми се случи сѐ што никогаш не сакав. Така реков дека не сакам оженет маж, но се случи да бидам со оженет маж кој беше постар од мене. Знаев дека е оженет кога го запознав и му реков: „Те молам разведи се, па контактирај ме“. Но, животот ни носи разни ситуации и токму тој ме шармираше, работеше напорно за мене, и јас бев причината тој да се разведе. Жалам што го направив тоа, бидејќи тој ми даде многу, а јас не му дадов ништо за возврат“, искрено призна водителката која нагласи дека неколку пати во текот на животот сакала.
„Никогаш не сум имала тип на маж, не биле претерано згодни, но секој од нив имал своја интрига. Тоа е важно во љубовта, некој да те заинтригира“, вели Сузана, која досега има напишано два автобиографски романи.
„Пишував книги затоа што бев невработена. Ништо не работев неколку години и не бев навикната на тоа. Ме инспирираа издавачите кои ме тераа да објавам детали од мојот живот. Седнав и пишував, бидејќи имав време и за две години се родија две книги“, рече таа.
По 18 години врска, таа се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос во јули 2018 година. Свадбата се одржа во Грција, а тогаш го поканија најтесниот круг на семејството и пријателите.