НЕДЕЛА СО СТИЛ: Како да ги спакуваш чистењето, ручекот, семејството и малку „време за себе

Добивај вести на Viber

Тој еден ден од неделата кога сакаш да одмориш, да исчистиш, да зготвиш нешто вкусно, да се видиш со фамилија, да фатиш некој филм и... да не ти се расипе понеделникот уште од сабота навечер.

Но, дали може сето тоа да се направи – без хаос, нервоза и муабети во стилот "ќе чистам само ако има земјотрес"? Апсолутно! Ви носиме план за совршена, организирана, а сепак забавна недела.

9:00 – Бавно будење и кафе со стил

Почни ја неделата мирно. Не скокај веднаш во акција. Направи си кафе (или чај, ако си Zen душа), земи неколку длабоки вдишувања и напиши мини-план за денот. Ако не си за пишување, направи го тоа во глава – и не заборавај да вклучиш и време за тебе!

10:00 – Брза тура чистење

Да не се лажеме – не сака никој да чисти со задоволство. Но ако пуштиш музика (да, дури и turbo-folk вреди ако ти ја крева енергијата), ќе се изненадиш што сè можеш да завршиш за 1 час.

10:00–10:30 – собери го расфрланиот хаос, помини со правосмукалката и избриши ги клучните површини

10:30–11:00 – брз преглед на купатилото + менување на постелнина (чиста постела = нов живот)

11:00 – Готвење со душа (и малку планирање)

Нема потреба од мастер-шеф експлозии. Направи едно јадење кое може да стане и ручек, и дел од понеделничкиот оброк – на пример, мусака, ѓувеч или пилешко со ориз.

Екстра совет: Додека нешто се крчка, спреми салата или лесен десерт. Така, имаш и за недела, и за понеделник. 

Freepik

13:00 – Ручек + муабет + фамилијарен апдејт

Време е за „собирање“. Без телефони на маса! Повеќе разговори, помалку скролање. Ако живееш сама – јави се на мама, баба или направи кратка видео муабет-сеанса.

Секој повик на недела значи помалку „леле зошто не се јавив” во текот на неделата.

Freepik

15:00 – Момент за мене

После ручек – НЕ ЧИСТИ веднаш. Седи. Диши. Гледај филм, читај нешто кратко, или едноставно зјапај во ѕидот со стил. И тоа е терапија.

Можеш и да прошеташ кратко, сам или со некој близок. Неделната прошетка е како „рестарт копче“ за мозокот.

17:00 – Мини-подготовка за неделата

Провери го календарот: дали имаш ли состаноци или важни работи

Прегледај што фали дома (за пазарење понеделник или вторник)

Подготви облека или барем идеја што ќе облечеш во текот на неделата.

18:00 – Дружење, кафе или муабет

Сега е време за лајт социјализација. Дружење дома, кафе со пријател/ка, или видео повик со некој што не си го слушнал одамна. И тоа е важен дел од неделната рамнотежа.

20:00 – Време за туш, креми, пиџами

Направи си спа вечер. Не мора да одиш во салон – топла бања, омилен парфем, маска за лице и чиста пиџама. Тоа е моќ.

Freepik

22:00 – Спиење со насмевка

Денот помина без стрес, со завршени работи и наполнета душа. Стави телефон на безгласно, разбуди се утрешниот ден со мир во себе.