ОД 16 ОД 31 ГОДИНА НОВИ ПОЗИТИВНИ ВО КАВАДАРЦИ: Намалено движењето во градот, стравот од заразата е голем

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на млади заразени со корона вирусот во Кавадарци. По вчерашните 10 регистрирани со Ковид-19, денеска има 4 новозаразени и повторно станува збор за многу млади луѓе, односно од 16 до 31 година. Информацијата за Фактор ја потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

-Само што ги добивме резултатите. Помалку се од вчера, односно имаме четири позитивни лица. Доколку им се влоши здравствената состојба, тие ќе бидат хоспотализирани. Едно лице од новозаразените е веќе контактирано од инфектолог и според симптоматологијата, се наоѓа на домашно лекување. Инаку, повтрно новите случаи се многу млади луѓе, кои воопшто не се штитат од вирусот, заради што лесно ја шират заразата, изјави д-р. Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Повеќе на фактор.мк