„Од кога го запознав мојот партнер, буквално прогледав и го видов светот околу себе“: Љумаковска за „Женски магазин“ стави крај на шпекулациите за нејзиниот приватен живот

Вчера во медиумите одекна веста дека Љумаковска го објавила својот нов партнер, музичарот Рубин Рамзо. Македонските медиуми објавија шпекулации околу нивниот однос, а јавноста беше дополнително заинтригирана за новините во приватниот живот на пејачката.
Од самото нејзино појавување на јавната сцена го привлекува вниманието на публиката. Нејзината музикалност никого не остава рамнодушен, поради што таа важи за една од најбараните пејачки на македонската музичка сцена.
Освен по својот тален, музикалност и успех на полето на музиката, Љумаковска ја интригира јавноста и со својот приватен живот. Во последните неколку години, Анета целосно го промени својот имиџ и многумина коментираат дека сега изгледа свежо, подмладено и пред сѐ исполнето и среќно.
Во текот на вчерашниот ден, Љумаковска објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил, кои предизвикаа инстантна бура од реакции во јавноста.
На една од фотографиите Анета е во друштво на својата ќерка, која очигледно ја наследила убавината од својата мајка, додека на друга фотографија позира од автомобил со Рубин Рамзо, кој е исто така музичар и колега на пејачката.
Во медиумите веднаш се појавија шпекулации дека Љумаковска, одлучила да ја обелодени љубовната врска со својот колега Рубин и го избрала токму овој начин за најадекватен во запознавање на јавноста со нејзиниот избор.
Со цел да ги провериме шпекулациите на медиумите, побаравме потврда од Љумаковска.
-Никогаш не сум била поисполнетa, како на приватен план, така и на професионален, изјави Љумаковска за „Женски магазин“.
Вели дека во медиумите често чита содржини за себе и за својот живот, кои немаат врска со вистината и реалноста. Иако самата вели дека не разбира зошто луѓето имаат желба да го уништуваат туѓиот мир, наместо да го градат својот, таа има јасна цел, храбро чекори кон своите животни приоритети, а за тоа како ѝ е во животот најјасно говори тоа што во последните неколку години е целосно посветена и признаена од страна на публиката.
-Точно е дека имам огромна поддршка од моето семејство бидејќи не ме виделе посреќна, вели таа.
Истакнува дека во животот се соочила со голем број животни предизвици и злоупотреби, а во тие моменти никој од луѓето што судат не биле присутни во нејзиниот живот, освен нејзиното семејство и затоа никому не смета дека треба да полага сметки за својата приватност.
-Од кога го запознав мојот партнер, буквално прогледав и го видов светот околу себе. Ја видов и запознав мојата Битола колку била убава и како може да изгледа еден совршен ден поминат во неа со моите најмили, истакна Анета за „Женски магазин“.
Фото: Инстаграм - Анета Љумаковска
М.С.К
Дополнителното интервју со Љумаковска за „Женски магазин“ може да го причитате на линкот.