Ова е новата страст на Дани Димировска: На две тркала ја открива нејзината „дива“ страна

Добивај вести на Viber

Македонската поп- рок пејачка Дани Димировска, позната по својата енергија на сцената и хитовите кои ги сака публиката, го покажа и своето поинакво лице – тоа на вистински љубител на мотори.

Во последниот период, Дани често може да се забележи на две тркала. Последната нејзина објава на Инстаграм, Дани  со својот мотор го освојува живописниот предел на Козјак. Со кацига на глава и полн гас, пејачката докажува дека не само што ја сака адреналинската возбудa, туку и дека знае како да ја комбинира својата уметничка душа со љубовта кон патиштата и природата.

Иста таква адреналинска љубов делат со нејзината колешка Андријана Јаневска која е вљубена во ова рекреативно хоби.

Фото: Инстаграм
РЖМ