Познатиот пејач со нова трансформација: Дали ова е неговиот најдобриот изглед досега?

Иако во последните години поретко го гледаме на македонската забавна сцена, пејачот Маријан Стојаноски и понатаму останува активен во светот на музиката – како дел од хорот на Националната опера и балет.
Вниманието на јавноста неодамна го привлече со својот нов изглед. Стојаноски ја замени својата препознатлива црна коса со целосно руса, а фотографиите кои ги сподели со сопругата Наташа предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи. Некои дури го споредија со холивудскиот актер Џорџ Клуни, поради новиот имиџ и зрелата харизма што ја носи.
Во интервју за Женски магазин, тој зборуваше со голема гордост и љубов за своето семејство. Со сопругата Наташа ги имаат трите деца – Вероника, Петар и Кирјана.
„На моја среќа, слава и фала на Бога, ми подари три прекрасни деца – Вероника, Петар и Кирјана, и сопругата Наташа која ги донесе на овој свет. Нашата среќа не се опишува. Наутро те будат мили дечиња со нивната насмевка, чистина и радост. Прво сите заедно лежиме, потоа стануваме и играме буквално цел ден креативни игри од мое време“, изјави Стојаноски.
Иако подалеку од светлата на шоу-бизнисот, Маријан Стојаноски покажува дека животот надвор од сцената може да биде подеднакво исполнет – со љубов, семејство и уметност.
Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г