Се откажа од титулата, но кралското семејство не ја заборави: Необичниот роденден на Меган Маркл

фото:GettyImages
Војвотката од Сасекс вчера наполни 39 години, но и покрај необичните услови и мерки за социјална изолација во Соединетите држави, специјалниот ден не помина незабележано и без честитка од нејзините кралски роднини.
Наспроти претходните гласини дека Меган Маркл ќе тргне на скромно патување, извор од „Harper's Bazaar“, близок до војвотката, откри други планови - „тивка прослава дома“ во Лос Анџелес со принцот Хари и Арчи.
Членовите на кралското семејство не пропуштија да и честитаат роденден на Меган на своите профили. На Инстаграм, принцот Чарлс и Камила Паркер-Боулс објавија фотографија со која и посакуваат „Среќен роденден на војвотката од Сасекс“.
„И посакуваме на војвотката од Сасекс многу среќен роденден“, напишаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон под фотографија од Меган со мало девојче.
На Твитер, Елизабета Втора, исто така и го честиташе роденденот на Меган, со фотографија од првиот јавен ангажман на Меган со кралицата во 2018 година: „И посакувам многу среќен роденден на војвотката од Сасекс!“.