Животна училница // Приказни
Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители: Бебето доби прекрасно име

Една од ѕвездите на серијата „Игра на тронови“ го роди
своето прво дете.
Британската актерка Софи Тарнер
(24), во која се заљубивме како Санса Старк во познатата серија „Игра на
тронови“, и нејзиниот партнер пејач и музичар, Џо Џонас станаа родители (30), пренесува
американскиот Page Six.
Актерката се породи во Калифорнија,
каде живее парот, а нивните блиски за јавноста ја потврдија среќната вест.
Добиле девојче, кое ќе се вика - Вила.
Тарнер и Џонас се венчаа во мај
минатата година ненадејно и во тајност во Лас Вегас, а подоцна тие организираа свечена
прослава во замок во Франција. Добро е познато дека тие
се неразделни, наводно уште од нивното прво излегување во Камден во 2016 година.
Фото: Инстаграм