Состојбата е алармантна: Брус Вилис не се чувстува добро (ФОТО)

Како „бомба“
одекна веста дека здравствената состојба на еден од најдобрите актери на сите
времиња Брус Вилис не е воопшто добра. Фановите на актерот се вознемирени
поради новите вести поврзани за неговорот здравје.
Извор близок до семејството на Брус соопштил здравјето нагло му се влошило во изминатиот период и дека семејството стравува уште колку време му преостанува.
„Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци имаше повеќе лоши денови отколку добри“, рекол изворот за „Us Weekly“.
Дека болеста на легендарниот актер напреднала, претходно откри и неговиот пријател, режисерот Глен Гордон Карон.
„Она што ја прави оваа болест толку шокантна е тоа што ако некогаш сте поминале време со Брус Вилис, ќе знаете дека нема никој што повеќе се радувал на животот од него. Го сакаше животот и обожуваше да се буди секое утро и да се обидува да го живее животот со полни гради“.
Неговото семејство му ја пружа сета поддршка, а неговата сопруга Ема Хеминг и ќерката Румер неодамна споделија фотографија по повод Денот на благодарноста, на која позирало целото семејство Вилис.
Фото:Инстаграм