„Средба на музичките титани“: Нема да ви се верува со кого е во друштво Сара Мејс

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Сара Мејс повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со фотографија споделена на нејзиниот Инстаграм профил, на која е во друштво со познати имиња од домашната музичка сцена – Роберт Билбилов и поп-дуото Eye Cue.

На фотографијата, сите изгледаат насмеани и расположени, што предизвика позитивни реакции од нејзините следбеници. Во описот, Сара не откри многу детали, но токму тоа отвори простор за шпекулации.

Дел од јавноста се посомнева дека оваа дружба не е случајна, туку дека станува збор за почеток на соработка и подготовка на нов музички проект што би ги обединил овие реномирани музичари. Имајќи ја предвид нивната креативност и искуство, потенцијалната соработка веќе предизвикува интерес кај љубителите на домашната музика.

Додека официјална потврда сè уште нема, останува да видиме дали оваа фотографија е само спомен од пријателска средба или вистинска најава за нешто поголемо на музичката сцена.

М.С.К