Актуелно // Insta вести
Татјана и Новица славеа Свети Никола во Австралија: Песна, оро и посна трпеза за гостите
- 19 Декември, 2023 09:56

Фолк
пејачката Татјана Лазаревска вчера во својот дом во Австралија ја прослави
семејната слава Свети Никола.
Таа објави фотографии на социјалните мрежи како го прославуваат овој ден со блиски пријатели
и роднини.
„За многу години Свети Никола“, напиша Татјана.
Пејачката подготвила погача, пченица и вино за молитвата за здравје, а за гостите посна трпеза.
Каква слава би било, ако нема песна и оро во музичко семејство. Татјана и Новица организирале и бенд, па атмосферата се значинила со македонска песна и оро.
Минатата недела пејачката на аеродром ја пречека нејзината мајка која пристигна на гости во Сиднеј.
Фото: Инстаграм