Тој на трка додека ќерката слави: Семејниот момент што Иџе нема да го заборави

Добивај вести на Viber

Ќерката на најуспешниот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски, годинава го прославува крајот на основното образование. Неговата ќерка Нина е полуматурантка, а гордиот татко на социјалните мрежи сподели фотографија од неа, облечена свечено за еден од најзначајните денови во нејзиниот живот.

„Јас на трка, таа на полуматура. Денес и двете срца ми брзаат – едното од адреналин, другото од емоции. Среќна полуматура Нинче наше“, напиша Стефановски во описот на објавата.

Поради работни обврски, познатиот автомобилист не е физички присутен со семејството, што го прави уште поемотивен во вакви важни моменти.

Игор Иџе Стефановски е вистинска икона меѓу младата публика, особено кај љубителите на автомобилизмот. Со својот позитивен дух, непосредност и огромни успеси на тркачките патеки, тој останува еден од највлијателните спортски имиња во Македонија.


Стефановски веќе 17 години е во среќен брак со сопругата Емилија, со која ги имаат децата Олег и Нина.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г