Кога ќе се соберат 4 легенди над Охрид: Појадок со поглед, пријателство кое трае со години

Секој ден не започнува со толку топлина, спомени и легенди на едно место – но токму такво утро доживеале пејачите Даниел Дац Димитровски и Александар Митевски во живописното Велестово, каде што појадувале во друштво на музичката икона Росана Сариќ Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче.
Во романтична атмосфера на тераса со поглед што го запира здивот, друштвото уживало во утринското кафе, македонски специјалитети и, секако, добар разговор. Впечатоци од синоќешната средба и спомени од сцената и животот се преплетувале со звуците на природата, создавајќи моменти кои не се забораваат лесно.
„Не сме кај Тифани, ама сме во ‘Браво’ Велестово – и тоа е доволно совршено“, напишаа Дац и Александар на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија исполнета со насмевки и сончева енергија. Со носталгија го споменаа и отсуството на блиската пријателка Маријана, која ја очекуваат да им се придружи следното лето.
Вакви моменти потсетуваат дека убавината е во едноставните нешта – во утро поминато со луѓе кои го обележале македонскиот културен простор и кои и денес зрачат со истата топлина, хумор и автентичност.