Утринска мотивација: Како да ја средите спалната соба за само 10 минути

Добивај вести на Viber

Иако процесот на средување на собата е исклучително мачен за многу луѓе, сигурни сме дека ќе ве мотивираме ако ви кажеме дека е возможно неуредната просторија да биде исчистена за само десет минути.

Rookie Mag претставува 6 трикови за средување на вашата соба за неверојатни десет минути:

Направете листа на приоритети

Пред да почнете со средување, обидете се во својата глава да направите листа на приоритети, кои максимално ќе ги одржите. Почнете со чистење од поголем кон помал неред, односно прво ослободете се од поголемото ѓубре или расфрлана облека па потоа поминете кон отстранување на прашината.

Прво ослободете се од покрупните работи

Најпрво ослободете се од поголеми работи или расфрлана облека, а потоа преминете на помали работи. Ако тоа се книги и документи, подигнете ја секоја книга или лист хартија и ставете ги во две уредни кутии.

Тргнете ги приватните работи

Секој од нас во спалната соба чува одредени предмети или спомени кои ги крие од очите на другите. Поради тоа потрудете се во најкраток можен временски период да ги сокриете сите интимни работи за да не се доведете себеси во непријатна ситуација.

Отворете ги прозорите

При чистење потребно е да ги отворите прозорите за просторијата да се проветри. Откако ќе завршите со чистењето затворете ги прозорците и испрскајте ја собата со освежувач на просторот. На овој начин собата секогаш ќе ви мириса убаво и ќе изгледа чисто.

Брзо наместете го креветот

Креветот заедно со шкафот е најголемото парче мебел во вашата соба. Логично е дека собата ќе ви изгледа поуредно ако креветот ви е уреден. Истресете ја постелнината и потоа уредно вратете ја на свое место. Подготвувањето на креветот не би требало да трае повеќе од две минути.

Исфрлете се што сметате дека е расипано

Храната за која мислите дека е расипана, во што пократок временски период исфрлете ја од својот дом. Така во голема мерка ќе спречите појава на непријатни миризби.

извор:klix.ba