Вашето ѓубре си е ваше: Охриѓани се огласија против загадувачите

Добивај вести на Viber

Сликите од охридските улици полни со ѓубре, деновиве беа едни од најсподелуваните на Фејсбук. Многумина упатија критики на несовесните туристи кои го фрлаат сметот на охридското пристаниште. 

Најгневни на некултурата на туристите беа охриѓани. Дел од мештаните, со оригинално напишана порака ги опоменаа загадувачите да внимаваат. Во стариот дел на градот, на патот кој води кон Сараиште и црквата Света Софија, тие оставиле порака напишана на лист: 
"Овде не е место за фрлање на вашето ѓубре. Купете канта и ставете ја пред вашиот дом. Вашето ѓубре си е ваше!", стои во напишаната порака. 

(М.Џ.)